Вчеравечер околу 21,15 часот во ПС-Гостивар, А.А. (38) од Гостивар пријавил дека во последните неколу дена не ја забележал Ф.Ј. (68) која како подстанар живеела во неговиот стан на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар.
Од страна на полициски службеници од ПС-Гостивар излезено било на местото на настанот и во содејство на ТППЕ-Гостивар било влезено е во станот и во тоалетот била пронајдена Ф.Ј. во коматозна состојба.
Со екипа на итната медицинска помош таа била пренесена во гостиварската болница, каде околу 23,20 часот починала. По наредба на јавен обвинител телото на починатата било сместено во капелата на Медицинскиот центар за утврдување на причините за смртта.