Властите во Дубаи очајнички сакаат овој град до 2021 година да стане еден од најсреќните на светот, па личностите кои признаваат дека се нерасположени би можеле да добијат повик од полицијата за да објаснат зошто.
Онлајн анкетата започната во октомври има за цел да помогне во пробивањето на Дубаи на листата на 10 најсреќни градови во 2021 година. Едноставна е и од учесниците бара да изберат вид на расположение меѓу линијата која прикажува муртење, смеење и рамнодушност.
Полицијата ќе ги повика на разговор сите оние кои рекле дека се несреќни, што е потег кој ги збуни експертите меѓу кои и Вилијам Дејвис, виш предавач на Лондонскиот универзитет и автор на книгата “The Happiness Industry”.
“Тоа ми изгледа како обид за благо преплашување на луѓето”, изјави Дејвис за “Independent”. “Сепак, не знам. Можеби во тоа има нешто искрено”.
Обиди за мерење на среќата се воведени и во владините канцеларии ширум Дубаи, а минатата година и општините воведоа систем за проценка на работата на службите за корисниците, што е дел од проектот “паметна влада”. Жителите на Дубаи ја оценуваат и работата на полицијата, а на неодамна одржаниот саем за електроника граѓаните добиваа пораки со фотографија од владарот шеик Мухамед бих Расхид Ал Мактума и едно единствено прашање: “Дали сте среќни во Дубаи?”.
Првиот ден на прашањето одговориле 200.000 луѓе, а 84% од нив рекле дека се среќни. 6 до 10% одговориле дека се несреќни. Шефот на полицијата на Дубаи за локалните медиуми изјави дека полицијата ќе проверува што е со несреќните жители.
“Ако станува збор за нешто од наша надлежност, ќе им помогнеме во тоа. Меѓутоа, ако има врска со другите делови од земјата, ќе ја проследиме информацијата”, порача и нагласи дека полицијата не може да помогне со прашања од лична природа.