Полициски иследници започнале потрага по исчезната мајка и дете, како и по триесетгодишен скопјанец. Првото исчезнување е пријавено вчера во 14 часот во станицата на Бит Пазар. Таму Н.З. (68) од Скопје пријавил дека во непознат правец заминала неговата сопруга Н.З. (44) и нивниот десетгодишен син.
Истиот ден во полициската станица во Аеродром, Н.В. (26) од Скопје пријавил дека со возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, некаде заминал неговиот брат Н.С. (29) од Скопје.