Во Франција најтежок ден до сега – над 1.400 луѓе ги загубија животите од коронавирус


Во Франција е регистриран најголем број смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на кризата – 1.427 лица ги загубија животите за еден ден.

Како што објавија француските медиуми синоќа, 607 луѓе починале во болници и 820 во домови за нега на стари лица.

Во Франција, значително е зголемен бројот на заразени, или повеќе од 11.000 за еден ден. Вкупниот број на заразени лица од почетокот на пандемијата надмина 100.000.

Досега се излекуваа 19.337 пациенти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1