Во Франција повеќе од 10.000 луѓе,. како и бомбашот-самоубиец во концертната сала „Батаклан“ во Париз, Омар Исмаил Мостефаи, имаат досие „С“ (securite – безбедност“) во безбедносните служби поради радикално однесување односно заведени се како исламистички екестремисти.
Генералната дирекција за внатрешна безбедност секојдневно ја надополнува базата на податоци, во која влегуваат членовите на ултралевичарските и ултрадесничарските групи и други лица со екстремистичко однесување. Половината од тие лица се заведени како радикални исламисти или лица со можни врски со терористичките движења.
Целта на досиејата „С“ е да го привлечат вниманието на безбедносните сили, ако лице со такво досие биде проверувано или приведено тогаш под итно треба да се поврзат со разузнавачките служби.
Некои од луѓето со такви досиеја се познати и биле осудувани за тероризам, посебно по нападите од 1995 година, а други се сметаат за потенцијално или реално радикализирани.
Досиејата „С“ покрај полицијата ги архивираат и француските и странските разузнавачки служби.