Во Германија евакуирани патници од авион за Турција


Германската полиција попладнево ги евакуирала патниците од авионот кој требало да полета од аеродромот во Касел за турскиот град Анталија.egipetski-avion-640x294

По пријава од анонимен дојавувач аеродромските власти во Касел одлучиле сите патници во авионот за Анталија да бидат евакуирани по што била испразнета и целата аеродромска зграда, а воздушниот сообраќај е целосно во прекин.

Авионот и аеродромот темелно се прегледуваат од екипи за антитероризам, јавуваат германските медиуми, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Според дојавата, на летот имало багаж кој претставувал опасност за патниците и екипажот. Претставници на аеродромот за агенцијата ДПА изјавиле дека се уште не се знае кога ќе продолжи воздушниот сообраќај од Касел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1