Противници на политиките на новиот американски претседател Доналд Трамп на симболичен начин се обидуваат да го искажат своето незадовлство од идејата САД да изгради ѕид на границата со Мексико, за да се спречи илегалната миграција меѓу двете земји.
Менаџментот на забавниот парк „Миниатур Вондерленд“ во Хамбург на своите турстички атракции им додадоа и минијатурен ѕид, кој ја опкружува копијата на САД и кој земјата ја одделува од светот.
Еден од основачите на забавниот парк, Герит Браун за германските медиуми вели дека идејата за изградбата на минијатурната реплика на ѕидот што го вети Трамп, е посетителите да видат што може да се случи кога „се градат идеолошки ѕидови околу нашите земји“.