Во Грција пронајден гробот на Аристотел?!


На северот на Грција е пронајден гроб на славниот грчки филозоф Аристотел, во четвртокот соопштил еден грчки археолог, на конференцијата во Солун посветена на овој филозоф.Greece Ancient Tomb

– Постојат силни индикации дека сме го пронашле неговиот гроб – изјавил Костас Сисмандис, а пренела грчката телевизија. Последното почивалиште на Аристотел веројатно се наоѓа во градот во кој бил роден – древна Стагира, на источната страна на полуостровот Халкидики во близина на градот Олимпијада.

Жителите на Стагира ја донеле пепелта на Аристотел во неговото родно место по неговата смрт во 322 година п.н.е во јужниот град Халкиди и го положиле во градба во облик на потковица, изјавил археологот. Сисмандис води ископувања во Стагира од 1996 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1