Поранешниот епископ Пантелејмон Безенитис вчера бил пронајден мртов на плажа Вгети, во североисточниот дел на Атика..
Според грчката новинска агенција поранешниот епископ го загубил животот додека пливал во областа каде што се наоѓа до неговата летна вила, соопштува “Бугарски вести”.
Телото било пренесено во амбулантни возила на итна помош во болница Каливија во Кератеа, каде што лекарите ја констатирале неговата смрт.
Покрената е истрага на властите во Лаврио, за да се откријат причините за ненадејната смрт на отецот.