Играч на лотарија во американската сојузна држава Индијана освои во петокот џекпот од 540 милиони долари, кој е седми според големината во историјата на лотаријата во САД, објави приредувачот на игри на среќа во саботата.
Победничките бројки 8, 19, 20, 55 и 73 одговараат на бројките од ливче уплатено во Индијана, соопшти Mega Million на својата интернет страница.
Оваа лотарија се игра во 44 сојузни држави на САД, во Вашингтон диси, и на Американските девствени острови.
Шансите за добивка на џекпот изнесувале 1 наспроти 259 милиони. За уплата од само еден долар, среќниот добитник може да бира еднократна исплата на 380 милиони долари, или на сите 540 милиони долари во следните 30 години.
Ова е најголемиот џекпот од декември 2013 година, кога двајца добитници од Калифорнија и Џорџија ја поделија наградата од 648 милиони долари. Рекордната главна добивка на Mega Million беше извлечен една година претходно и изнесуваше 656 милиони долари.