Во инфаркт завршница Израел победи на Евровизија (Видео)


Израелската преставничка Нета и песната ,,Toy,, се овогодинешните победници на 63 тото издание на Евровизија.

Гласањето започна со бодови од стручното жири на сите земји учеснички, по што Австрија и Шведска беа на врвот на табелата. право на глас имаа сите 43. земји кои настапија во трите вечери. Според жирито, најмногу гласови освои Австрија 271 глас

Но потоа следуваа поените од телевоутингот и гласањето на гледачите од цела Европа и состојбата на табелата почна драстично да се менува.

Најмногу поени од публиката добија Кипар и токму Израел и тоа над 250 поени со што избија на првото и второто место.

Израелката со вкупно 520 поени ја однесе победата.Еве го нејзиниот настап.

На второто место се најде Кипар со 436 поени, а на третото Австрија со 342.

Македонија годинава ја претставуваа Eye Cue со песната „Lost And Found“ на првата полуфинална вечер, но за жал не се пласираа во финалето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1