Во Италија уапсен хакер од Kочани – испразнил македонски картички


Познат хакер од Kочани, по кого веќе шест години е издадена потерница од Kривичниот суд во Скопје, неодамна е уапсен во Италија за голема проневера со кредитни картички што ја направил во Македонија уште во 2006 година. Kирил Д. (42) во земјава е обвинет дека подигнал околу 10.000 евра од банкомати на три скопски банки со туѓи, односно со фалсификувани кредитни картички и од тогаш е недостапен за органите на прогонот на Македонија. Тој сега по апсењето во Италија е во екстрадициски притвор по налог на италијанските истражни органи.

60770128-internet-bankarstvo-racunalo-karticaо земјава му се поднесени кривични пријави за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, компјутерска измама и компјутерски фалсификат, а судските постапки се стопирани с` до неговото екстрадирање. Според информациите од Италија, полицијата реагирала откако при проверката е утврдено дека по него има меѓународна потерница издадена во Скопје.

„Дневник“ пишуваше за овој случај во 2008 година. МВР тогаш извести дека осомничениот во декември 2006 година и во јануари 2007 година од банкоматите од трите скопски банки подигнал 605.000 денари.

Kочанецот бил со привремено место на живеење во Асти, Италија. Kога му била поднесена пријавата, МВР го водело како продолжение на познатиот случај „Банкомат“, во кој голем број осомничени беа фатени и во Грција.

Сега откако е фатен во Италија, се очекува негова екстрадиција и почнување нова постапка против него во земјава.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1