Во Кичево гласањето се одвива без проблеми . Гласањето во сите 106 избирачки места е почнато навреме. Излезноста е голема, а на некои од избирачките места се чека и по 2 часа за граѓаните да си го остварат правото на глас. Некои граѓани се жалат дека нивните имиња ги нема на избирачкиот список.
Во Кичево право на глас имаат 48.044 лица.Во Кичево на терен биле високи државни функционери, како на пример вице премиерот зам економски прашања Владимир Пешевски, вице премиерот Зоран Ставрески и пратениците Силвана Бонева и Антонио Милошоски.
Локално