Во Косово уапсени двајца македонски државјани со лажни евра


На граничниот премин Хан Елези-Блаце, на косовско-македонската граница, уапсени се двајца македонски државјани кај кои се пронајдени 4.190 фалсификувани евра.

Банкнотите во различни апоени биле откриени при контрола на возилото со кое патувале.

„Кај македонските државјани пронајдени и запленети се 75 банкноти од по 50 евра,19 банкноти од по 20 евра, три банкноти од по 10 евра и шест банкноти од по 5 евра, за кои постои соммение дека се фасификувани“ стои во соопштението на косовската полиција.

По барање на обвинител изречена им е мерка притвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1