Во кралскиот гроб во Кутлеш се коските на Филип Втори Македонски


Тим истражувачи потврдија дека коските пронајдени во кралскиот гроб во Кутлеш навистина припаѓаат на Филип Втори Македонски, таткото на Александар Македонски

Антрополошкото истражување работело на коски и делови од гробот и со тој материјал успеале да ги откријат закопаните во гробот. Покрај Филип Втори, во гробот се пронајдени коските и на жена-воин. grob filip

Академците расправале за коските од годината кога гробот бил откриен (1977). Тогаш биле откриени споменици и три гробови. Во првиот гроб се наоѓало тело заедно со уметничка слика, додека вториот гроб не бил анализиран, а во него се наоѓале кремираните остатоци од машки скелет и кремираните остатоци од жена. Во гробот имало сребро, злато, бронза, оружја и штитови.

Истражувачите го потврдиле идентитетот на кралот врз основа на доказите за повреди на телото кои ги претрпел Филип Втори Македонски за време на животот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1