Околу 70-тина бомби за повеќе од три часа се слушнаа денеска во Кривичниот суд во Скопје на судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.
Во најголем дел од разговорите во „бомбите“ од март 2013 година учествува поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
– Кажи му ако еден член или вработен најдеме што не гласал ќе лета од работа. Така кажи им поздрав од мене, дека министерот лично се заложил да летаат од работа, вели Миле, во една од бомбите каде разговара за гласањето во Центар и работата на партиските активисти.