Во Крупањ вирус, деца повраќаат, лекови нема, поплавата однесе уште еден живот


470993_krupanj-02_f

Делови од населбата Крупањ во Србија се уште не се достапни за помош, а најлошо од се е што се појавил вирус, изјави советничката на Српската напредна  странка Весна Марјановиќ. „Само што се вратив од Крупањ. Една од улиците е целосно одсечена од остатокот од градот. Таму има многу деца кои добиле вирус и повраќаат. Ниту една аптека во градот не работи, нема лекови и препуштени се сами на себе. Ова е катастрофа“, изјави Марјановиќ. За ваквата состојба советничката ја обвини општинската власт која не била подготвена за поплавите. „пед дена пред поплавите имавме информации дека ќе има невреме и ќе има поплави, а првото утро го дочекаа без песок, . Општината ништо не презеде“, вели советничката. Во овој момент најголем проблем во ова место е лизгањето на земјата која дополнително го загрозува уништувањето на куќите. Лизгањето однесе уште еден човечки живот, кој е втор во овој град, бидејќи едно безживотно тело беше најдено во автомобил уште првиот ден од почетокот на поплавите.  

471152_krupanj-blic-fondacija170514ras-foto-zoran-loncarevic-126_f

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1