Во Куба прогласена деветдневна жалост поради смртта на Фидел Кастро


Властите на Куба денеска прогласија деветдневна жалост по повод смртта на поранешниот кубански лидер Фидел Кастро, кој почина минатата ноќ во Хавана.kuba

Во соопштението на кубанските власти се наведува дека посмртните останки на Кастро ќе бидат погребани на 4 декември во градот Сантијаго де Куба.

– Од 26 ноември до 4 декември се откажуваат сите јавни активности и свечености, а националното знаме ќе биде поставено на половина кошје пред државните згради и воените објекти, се додава во соопштението.

Веста за смртта на 90-годишниот Фидел Кастро рано изутринава ја соопшти неговиот брат и актуелен претседател на Куба, Раул Кастро.

– Главниот командант на кубанската револуција почина вечерва во 22:29 часот (утрово во 04:29 по средноевропско време), објави Кастро во специјалното обраќање до нацијата преку националната телевизија.

Тој информираше дека телото на „ел команданте ен хефе“, согласно неговата желба, ќе биде кремирано во текот на денешниот ден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1