Модерен скијачки центар ќе се гради на Јабланица, кај Јанков Камен, над Вевчани. Овде треба да никне викенд населба, хотели и три и пол километри ски лифт. Планот е проектот да се реализира преку јавно приватно партнерство, а се најавува дека ќе градат Австријци.
Според Цветомир Угриноски, градоначалник на Вевчани, екипите ги разгледале терените за ски центрите, хотели и викенд населбата, а тендерот за изградба ќе се објави овој месец по што ќе се знае изведувачот. Овој проект вели Угриновски ќе ја продолжи сезоната во регионот, не само во лето, туку преку целата година.
Екипи од Хидрометеоролошки завод поставија мерна станица за анализа на условите, а за изработка на овој проект од МЕПСО се обезбедени 250.000 евра преку Владата. Временскиот рок кога треба да се изработи физибилити студијата е 12 месеци.
На Јабланица снегот се задржува и по седум месеци во годината.
Фактор,мк