Во Македонија еден маж е на породилно наместо жената


Македонските мажи не сакаат да користат породилно боледување иако имаат законска можност за тоа. Од многу причини, но најчесто поради традиционалните непишани правила, обврската за повивање, хранење и чување на новороденчето се смета за женска работа. Годинава, отсуство за чување на дете одлучил да користи само еден маж од Кичево. Минатата година оваа законска можност ја искористиле само 11 татковци, а во 2012 година се охрабриле дваесетмина.

tatko i bebe2И покрај тоа што годинава мразот го скрши кичевчанец, статистиката на Фондот за здравствено осигурување вели дека најхрабри се скопјани. Лани, од единаесет татковци породилно боледување зеле седум скопјани и по еден од Радовиш, Струмица, Тетово, Штип.

– Основната заштита на жената е овозможена со породилно отсуство кое кај нас изнесува девет месеци со што се вбројуваме во земјите кои имаат отсуство со најдолго траење. Минатата година воведовме и ново дополнително право на неплатено родителско отсуство со кое е предвидено работничката да го користи по завршување на основното породилно отсуство. Тоа трае три месеци, а работничката може да го користи до навршување на тригодишна возраст на детето. Притоа на жената и е обезбедена бесплатна здравствена заштита, рече министерот Спасов.
Тој потенцира дека породилното отсуство во Македонија е период на платено отсуство и оти заради поголема материјална заштита на жените во овој период надоместот на плата за време на ова отсуство изнесува 100 проценти од основицата на надоместот на плата.

Во интерес на здравје на детето, како што рече, по враќањето на работа мајката има право на платена пауза за доење во траење од 1,5 час дневно во кое време се засметува и дневната пауза. Тоа право го има работничката до наполнета една година возраст на детето. Исто така работодавачот за време на нејзината бременост е должен да ја прераспредели на друго работно место доколку постојното може да биде ризично по нејзиното здравје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1