Во Македонија нема небезбедна храна за доенчиња од Бебивита


bebevita

На домашниот пазар не е увезена храна за доенчиња од спорните небезбедни пратки на производителот Бебивита, констатираа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по направената контрола.

Од Агенцијата посочуваат дека спровеле контрола на пазарот и покрaј тоа што досега немаат добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската унија, дека производите „Бебивита преработена храна на база на житарки – млечна кашичка од гриз за доенчиња по навршени 6 месеци“ (MAN 751434), со ознака на шаржата: 140790 и рок на траење до 30.09.2014 година се небезбедени.

„Агенцијата за храна и ветеринарство преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на Европската Унија, секојдневно добива известувања за навремена детекција на опасностите кои ја загрозуваат безбедноста на храната и храната за животни, со цел преку брза и ефективна размена на информации, доколку се јави потреба, веднаш да се реагира преку преземање на потребните мерки за безбедност“, велат од Агенцијата.

Bebivita храната за бебиња се повлекува од продажба – нашле парчиња стакло во неа

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1