Во Македонија жените подолго живеат од мажите – за 4 години


Жените во Македонија живеат просечно 77,1 година или 4,1 година подолго од мажите, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.

zena-cistenje-260x152Во брак стапуваат просечно на возраст од 25,6 години.  Во 2012 година склучени се 13.991 бракови од кои жената прв пат стапувала во 92,6 проценти, кај 7,1 процент на жената бил втор брак, а кај 0,2 проценти трет брак.

Просечната возраст на која жената одлучува да роди дете е 26,3 години. Одлучуваат да раѓаат по едно или две деца. Во 2012 година во земјава се родени  23.568 живородени деца од кои 48 отсто или 11.325 се женски. Најчесто женско име во земава е Марија.

Податоците покажуваат дека од вкупно дипломираните студенти во 2012 година повеќе од половина или 55,7 отсто се жени. Бројот на жени магистри е 719, а жени доктори 71.

Од вработените жени најголемиот дел 74,1 отсто работат во приватниот сектор. Повоќе од половината вработени или 56 отсто се жени во образованието, дури 73 проценти се во здеравствената и социјалната заштита, а во секторот рударство и вадење камен ги има само 3 проценти.

Во 2012 година земјава ја напуштиле 622 жени на возраст од 30 до 64 години, од кои најмногу биле од југозападниот регион.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1