Во „Македонска пошта“ нема кој не крадел!


Нов случај на злоупотреба на службена позиција откри деновиве финансиската полиција во јавното претпријатие „Македонска пошта”. И овојпат е откриена злоупотреба преку распишан јавен тендер, при што надлежниот за јавни набавки и магационер овозможил на сопственик на приватна фирма да добие тендер, кој потоа воопшто не бил испочитуван.

Пријави се поднесени против три лица. Еден од нив е А.Ф. (34) вработен во Службата за јавни набавки во „Македонска пошта“, кој во 2012 година завршила работа „Аспект плус“ од Скопје да набавува фотокопирна хартија за јавното претпријатие.  makedonska-posta-41-300x336

Во овој случај, финансиската полиција открила дека тендерот всушност бил наместен со дефинирани технички карактеристики на хартијата еднакви на мострата што била обезбедена токму од „Аспект плус“. На така дефиниран тендер, лесно било да се избере најповолниот понудувач за 25.000 топа хартија, велат од Финансиската полиција. Но, тоа не било се. Надлежниот за набавки во „Македонска пошта“ му наложил на магационерот Х.А.(28), задолжен да врши контрола на приемот на стоки во магацинот, да прими 19.000 топа хартија со понизок квалитет и цена од договорената на тендерот. Се разбира, фактурата кон „Македонска пошта“ била за договорената квалитетна и скапа хартија која не била ни испорачана. Разликата на цената изнесувала околу 25.000 евра. Кривична пријава добил и маагационерот и директорот на фирмата „Аспект плус“.

Пред овој случај беше откриен случај за распишан тендер за изработка на софтвер, кој потоа беше реализиран со продавање на бесплатен софтвер, достапен на Интернет. Тендерот беше вреден четири милиони денари.

Според ревизорските извештаи „Македонска пошта“ за две години била оштетена за 3,6 милиони евра од кражби, од проневери на вработените, преку недоставени финансиски извештаи до Владата, преку големиот пожар (јануари минатата година)…

Во целиот овој период директор на „Македонски пошти“ е Рафис Алити, истакнат член на ДУИ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1