Во Министерството за здравство починал човек


Во Министерството за здравство починал човек чекајќи да дојде возило на Итната медицинска помош, дознава НОВА од извори во оваа институција. Информацијата веќе почна да се шири и на Твитер.

Нема инфомации од што починал човекот и дали бил вработен во Министерството или случајно се нашол таму. Неофицијално, човекот починал во одделението за архива и не бил вработен таму, туку бил дојден да достави документи.

urgenten brza pomos klinika
Директорката на Здравствениот дом Скопје за НОВА ја потврди информацијата, но не кажа детали за случајот бидејќи екипа на Брзата помош е се уште таму.

„Се чека увид, екипата е на лице место. Единствено што можам да ви кажам е дека имаше повик за интервенција. Министерството треба да излезе со детали за случајот“, изјави за НОВА Татјана Баевска Вучковиќ, директорка на Здравствениот дом.

Екипата на Итната медицинска помош во Министерство за здравство стигнала за 7-8 минути откако го добиле повикот, се првичните информации од Министерството. Веднаш по доаѓањето на медицинската екипа, почнала реанимација која траела 20-тина минути но, човекот починал. Со ова од Министерството ги демантираат информациите кои се појавија во јавноста и на социјалните мрежи дека Брзата помош се чекала половина час.

„ Екипата беше викната во 14:05 минути, во 14:06 минути тргнале на терен, а во 14:13 минути веќе беа во Министерството и почнаа да го реанимираат. За сето тоа е уредно снимано и документирано во повиците на Службата за итна медицинска помош кои и вообичаено се снимаат“ , велат за НОВА во секторот за односи со јавност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1