Во Москва минатиот месец Сoнцето се појавило само шест минути


За жителите на Москва, изминатиот декември бил најмрачниот месец во историјата на градот, бидејќи Сонцето, се појавило на нешто повеќе од шест минути, соопшти Руската федерална служба за хидрометеорологија.Тоа се случува поради географската ширина на која се наоѓа руската престолнина.

– Според Московскиот државен универзитет, директната сончева светлина во Москва, во декември траела шест до седум минути. Имајќи го тоа предвид, луѓето ќе сфатат зошто се депресивни – изјави директорот на Службата, Роман Вилфанд.

Во Москва Сонцето во декември просечно се појавува околу еден час.

Од средината на јануари, денот во градот почнува да се зголемува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1