Во Москва почина ќерката на Хитлер


Во светските медиуми се појави информација дека во Москва починала Зинаида Попова во својата 82-ра година, а станува збор за жена која се сметало дека нејзин татко е Адолф Хитлер, пишува Rainews310x0_1447783806874_Maria_Popova_con_la_figlia_Zinauda__presumibilmente_avuta_da_Adolf_Hitler

Имено, нејзина мајка е Марија Попова која извесно време била ангажирана како разузнавач во Берлин. Му била многу блиска на Адолф Хитлер. Во тоа време, во Берлин Хитлер со пријателите често престојувал по градските кафеани и ресторани, пишува руска „Експрес Газета“. Во тоа друштво, се верува, често била гледана Марија Попова.

По враќањето во Русија, Попова дознава дека е бремена и се раѓа Зинаида. hitler svalerki

Информациите дека таткото на Зинаида е Адолф Хитлер никогаш не се потврдени, но во руската јавност се широко распространети.

Најверојатно станува збор за една од фантастичните народни приказни за херојските руски тајни агенти, а околу Попова таа приказна е исплетена на посебен начин. Попова во приказната е профилирана како љубовница на Хитлер.

Од друга страна, апсурд е принципот по кој светот често функционира, па не треба да не изненади фактот дека Хитлер има ќерка Русинка испостави точен. Методот „емотивно зближување“ како начин на приближување на „целта на разузнавачкото работење“ е често застапено кај тајните агенти, не само во Русија, туку генерално.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1