Во МРТ летаат казни и разрешувања за новинари и уредници


Но­ви­на­ри­те во Македонската радио-телевизија се изложени на жес­ток притисок од уредниците и од менаџментот, а има и разрешени од уред­нич­ки позиции, преместени на други работни места без об­раз­ло­же­ние, како и казнети со 30 отсто од плата.

mtv zgrada2За ова пишува „Вест“, повикувајќи се на Здружението на но­ви­на­ри, каде тројца новинари веќе се пожалиле и до ЗНМ дос­та­ви­ле целосна документација за дисциплинските постапки кои се во­де­ле за нив.

– Ко­ле­ги­те во МРТ тврдат дека неоснованите дисциплински постапки про­тив нив имаат цел да ги замолчат и слепо да ја следат уредувачката по­ли­ти­ка. Има драконски и неосновани казни на платите до 30 проценти и пре­мес­ту­ва­ња од едно на друго работно место, не почитувајќи ја процедурата ут­вр­де­на со законот, и без никакво образложение. Новинарите мораат се­кој ден да поднесат извештај како го потрошиле работното време од осум ча­са, со кого се виделе, што разговарале, за што пишувале и други слични де­та­ли – изјавил за весникот претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Според него, но­ви­нар е казнет три месеци по 30 отсто од плата, зашто побарал прав­да на суд, откако незаконски го разрешиле од уредничка позиција и го товарат дека бил психички растроен и дрзок кон уредниците.

mtv zgrada– Друг новинар вели дека про­тив него е поднесено барање за дисциплинска поради вербален напад врз уредник и нарушување на угледот на МРТ, а негов грев е што на го­диш­но­то собрание на ЗНМ имал критички став кон работата на јавниот сер­вис. Во меѓувреме е преместен на друго работно место. Уредник доби пре­дуп­ре­ду­ва­ње пред разрешување зашто три минути задоцнил на ко­ле­ги­ум – објаснува Селмани.
Од МРТ одговараат дека од при­ме­на­та на Законот за јавните службеници во јавниот сервис, од септември 2012 го­ди­на до мај годинава, се поведени вкупно 43 дисциплински пос­тап­ки.
За состојбата со наводните притисоци врз новинарите во МРТ се очекува нас­ко­ро да разговара и Советот на Македонската радио-телевизија.

Vest

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1