Во нападот во Барселона повредени и усмртени се државјани на 24 земји, еден е Македонец


Шпанските власти синоќа јавија дека во атентатот во центарот на Барселона биле убиени и повредени државјани од 24 земји.
Според првичните информации, на кои се повикува БТА, меѓу настраданите има државјани на Франција, Германија, Шпанија, Холандија, Аргентина, Венецуела, Белгија, Австралија, Тајван, Хонг Конг, Унгарија, Перу, Северна Ирска, Грција, Куба, Македонија, Кина, Италија, Романија и Алжир.

Македонското Министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека до 20:30 часот немаше информации за повредени македонски граѓани во нападот во Барселона.

– Земајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, во моментов е отежната комуникацијата со релевантните институции но македонската амбасада во Шпанија прави напори да добива редовни и прецизни информации за настанот и можноста за евентуални повредени македонски граѓани, наведе МНР во соопштението.

Шефот на каталонската полиција, Луис Траперо, изјави дека две лица се приведени за учество во нападот во Барселона – еден Мароканец и еден шпански државјанин од шпанската енклава Мелила, во северна Африка. Полицијата за ниту еден од нив досега немала отворено досие за поврзаност со тероризам.

Полицијата интензивно трага по трето лице, претпоставениот возач на минибусот, што синоќа на фрекфентната туристичка улица „Ла Рамбла“ во Барселона прегази и повреди над 100 лица, од кои 13 починаа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1