Во американскиот ракетен напад врз сириската воено воздухопловна база во близина на градот Хомс се убиени девет цивили, вклучувајќи и четири деца.
Според државната сириска агенција САНА цивилите загинале во села во близина на базата. Во нападот се ранети уште седум лица, а куќите во таа област се тешко оштетени.
Претходно гувернерот на покраината Хомс, Талал Барзаи изјави дека седум лица се убиени во нападот.
ТАСС објави дека според податоците на руското Министерство за одбрана се убиени четири сириски војници, двајца се водат како исчезнати, а шестмина се ранети.