Во новата истрага за смртта на Трајковски ќе се прави симулација на летот


Новата истрага за смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски ќе трае од шест до 12 месеци при што, меѓу другото, ќе се прави и симулација на летот со ист вид на авион.

g_avionska-nesreka-trajkovskiОва, во интервјуто за босанскиот „Дневен аваз“ го најавил македонскиот министер за одбрана Талат Џафери кој, како што претходно беше пренесено, изразил уверување дека е неопходна нова истрага бидејќи претходната била премногу брза.

– Новата истрага е потребна и од аспект на трајна и прифатлива информација – изјавил Џафери.

Главниот истражител за падот на претседателскиот „кингер“ Омер Кулиќ неодамна престојувал во Скопје заедно со тимот на 15 експерти од БиХ, Хрватска, Србија и Македонија, кои треба да ги истражат новите докази што ги приложила македонската влада.

trajkovski zaginatiОсвен што ќе се спроведе комплетна симулација на летот, повторно ќе се вештачат инструментите во авионот, а предмет на истражување ќе биде и операторот кој во Македонија го организрирал летот, како и навигациските сретства и користените процедури на аеродромот во Мостар.

Претседателот Трајковски, заедно со осумте соработници и членови на екипажот, загина во авионската несреќа кај Мостар на 26 февруари 2004 година.

Kanal 5

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1