Во Охрид цела ноќ се истурило од врнење – денес дожд и град


dozd_1_7Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во последните 12 часа најмногу дожд наврна во Охрид, 32 литра на метар квадратен, потоа во Претор 25, Пожаране 24,Тетово 21, Лазарополе 20, Прилеп 18, Тополчани 16, Скопје – Зајчев Рид 14, Битола 13, Петровец 12, а на мерните места во источните делови околу 5 литри на метар квадратен.

Времето во Македонија денес ќе биде облачно, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и услови за појава на невреме со град. Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 10 до 18 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до девет и со дневна до 16 степени

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1