Во оваа тврдина децата ги одгледуваат за муџахедини (Видео)


Новинар на документарната програма „Панорама“ на BBC, Нагијеб Хаја имал единствена можност да го посети упориштето на талибаните кое само еден час возење е оддалечено од престолнината на Авганистан

Долината Танги се наоѓа на само 97 километри југозападно од Кабул, во провинцијата Вардак, каде во изминатите години се водеа најжестоките борби помеѓу НАТО и талибаните.20102014210051_t1

Самонаречениот талибански водач Саид Рахман, познат и како Гувернерот Бадри има 27 години, а уште како тинејџер се борел против меѓународните сили на чело со САД, кои во 2001 година ги урна талибаните од власта во земјата. Вели дека ќе се бори се додека Американците на ја напуштат земјата и додека исламистичката власт не се прошири на целата нејзина територија.

Влијанието на талибаните особено е изразено во училиштата во долината Танги, каде наставата се одвива според талибанската програма и покрај тоа што ја финансира владата во Кабул, а голем дел од тие пари потекнува од западните фондови за образование. Во училиштата нема девојчиња, шеријатот и верските судови изрекуваат брутални казни, а ампутирањето на екстремитетите и каменувањето на прељубници се уште се вообичаени во оваа област.20102014210136_t4

Децата се играат со оружје. Додека едно од момчињата се игра со „калашњиков“,  неговиот татко гордо истакнува оти „се надева дека синот ќе му стане добар муџахедин“.

Во текот на четирите денови поминати во долината, Хаја разговарал со многу луѓе, но секогаш под строг надзор на талибаните. Некои од луѓето тивко му кажале дека се плашат од сето тоа и дека никој тука не смеел слободно да го изрази својот став.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1