Силно невреме со град синоќа го погоди Панчево, каде што паѓаше град со големина на тениско топче, јавуваат српските медиуми.
На социјалните мрежи се појавија снимки од силниот ветер кој дувал во Панчево.
На некои автомобили се скршени стаклата, а уништени се и пластеници.
Во градот низ улиците течеа реки, а граѓаните беа во шок.
Над Панчево се појави и торнадо кое зад себе остави пустош.