Во Парк Шумата во Гази Баба: Го влечеле по земја додека не се онесвестил


Во Полициска станица Гази Баба, 26-годишниот Б.Н. од селото Арачиново, пријавил дека движејќи се во Парк шумата во Гази Баба, од страна на четири непознати маскирани лица му било извршено разбојништво.

Тие го застанале и едно од лицата го удрило со боксирач во пределот на главата додека другото лице го фатило за ременот и почнало да го влече по земја по што тој паднал во безсознание.

По некое време откако дошол при свест, лицата ги немало и забележал дека од џебот од фармерките му го нема паричникот во кој имало 600 евра и 3.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1