Во Преспа викендот 10.000 туристи, плажите преполни


Само последните три дена, за време на продолжениот викенд, преспанските плажи ги посетиле околу десет илјади лица. Туристичките работници се задоволни од бројноста на гостите. Шпицот на сезоната ги оправда нивните очекувања.

plaza prespa5– Преполни беа плажите од Претор до Долно Дупени на источниот, и од Отешево до Стење на западниот брег, не само со гости од Македонија, туку и од соседните држави. Тоа зборува дека овој туристички регион заслужува внимание, велат тур-операторите.

Причини за одличната посетеност, додаваат, се средените плажи, ниските цени, културното лето, но и вложувањата на новите концесионери во Претор и Крани.

Сепак сметаат дека на Преспа и недостигаат сместувачки капацитети иако нив, во мала мера, ги заменуваат објектите од алтернативниот туризам кои секоја година привлекуваат повеќе гости, посебно странски туристи.

МИА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1