Поскапи јајца и јагнешко месо пред Велигден очекуваат граѓаните. Велат сеуште е рано да се зборува , но досегашната пракса покажала дека секоја година пред најголемиот христијански празник производите наместо да бидат поветини, поскапуваат.
Трговците на зелените пазари велат дека очекуваат цената од јајце да порасне за два денара. Се жалат дека продажбата последниве години е намалена. Граѓаните се помалку купуваат. Дополнително на нивната заработувачка влијаат и политичките случувања во земјава.
Од месарниците засега се резервирани. Цената на јагнешкотот месо кое традиционално треба да биде најзастапено на трпезите за Велигден не очекуваа драстично да се промени. Но и од таму се пожалија на намалена продажба.
Во месарнциите во моментов кило јагнешко се продава по цена од 300 денари, свинското од 240 до 290 . Еден килограм јунешко 370 денари. Табла јајца се продава по цена од 210 до 240 денари.
sitel.mk