Во Риека свечено се отвора Исламскиот центар, чија изградба траеше повеќе од 3 и пол години и во која се вложени околу 76 милиони куни.
Изградена е според идејниот проект на Душан Џамоње, а поради нејзината извонредна архитектонска, градежна и културна вредност, Исламскиот центар веќе е именуван за најубава џамија во Европа. Во него ќе се собираат муслиманските верници од Риека, но и од поширокиот регион.
Главниот имам на Риека Хајрудин Мујкановиќ изјави дека Исламскиот центар ќе биде место за молитви и собирање на околу 10.000 граѓани од исламската вера и тој ќе биде отворен за сите.
Камен темелникот на Исламскиот центар е ставен во 2009. година, а вкупната површина на градбата е околу 5300 метри квадратни.