Во Рим откриено местото каде Апостол Павле се сретнал со христијаните


Археолошка екипа под раководство на Николета Касиери го утврди местото на древната римска станица „Tres tabernae“(„Трите Крчми“), односно поштенската станица којашто се наоѓа на 33 милја на Виа Апиа.rim pat

Ова место е добро познато на историчарите на раното христијанство, како и на научниците кои го проучуваат животот на Св. Апостол Павле. Според Делата на Апостолите токму на тоа место се случила средбата помеѓу Апостолот и Римските христијани: „Тамошните браќа, штом чуја за нас, излегоа да нѐ пресретнат до ’Апиевата ширина‘ и до ’Трите Крчми‘. Кога ги виде Павле Му заблагодари на Бога и се ободри“ (Дела, 28, 15).

„Tres tabernae“ се спомнува и кај Цицерон кој запрел тука во 59 год., пред Христа. Древните патни мапи исто така го одбележуваат ова место, но досега тоа не беше лоцирано од научниците.

„На почетокот на 58 километар, беа откриени остатоци коишто без никаков сомнеж припаѓаат на поштенска станица. Попречна патека, поставена под прав агол во однос на Апиевиот пат, со добро сочувана камена површина, со тротоари, со широчинка за маневрирање на превозните средства, со две помали згради, едната пред којашто ги оставале колите, а втората служела како коњушница. Во близина се откриени и бањи, цистерни, соби поврзани со широк двор и голема станбена зграда чиишто соби биле украсени со фрески, а подовите со мозаици. Зградата датира од периодот помеѓу I и II век од христијанската ера“, соопштува раководителот на ископувањата Н. Касиери

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1