Русија го разгледува воведувањето на четиридневна работна недела.
Комисијата за вработување, социјална политика и ветерански прашања на Русија, организираше тркалезна маса на која беше разгледано ова прашање.
Андреј Исаев, претседател на комисијата вели дека најважни се работните часови, а не работните денови.
Според него 4-дневна работна недела со 10 часа на ден, е ист како 5-дневна со по 8 часа.
Пратеникот промовираше воспоставување на 36-часовна работна недела и инсистираше на задржувањето на висината на платите.