Пример како се зголемува профитот, а на потрошувачите им покажуваш колку наводно се грижиш за нив – британска компанија која дистрибуира електрична енергија ќе воведе генијална идеја како да си го распореди трошењето на струја, така да си добие повеќе пари и потрошена енергија а сепак да биде и општествено одговорна.
Имено „Бритиш гас“, од 2014 ќе понуди потполно бесплатно користење на струја за потрошувачите кои ќе го концентрираат трошењето на електрична енергија за време на викендот, односно во саботите. Според нивните досегашни анализи насекаде во светот потрошувачката е помала отколку во работните денови, и за да ја насочат потршувачката да биде поголема за време на викендите тие ќе понудат бесплатна струја во саботите.
Вакви слични акции веќе има со Америка и тоа од сестринската енергетска компанија од САД- „Директ енерџи“. Зад двете компании стои дистрибутерот „Центрица“. Во Пенсилванија потрошувачите дури можат и да избираат – дали сакаат бесплатно да користат струја во сабота или недела.