Човечко тело во напредна фаза на распаѓање било пронајдено во канализациска шахта во скопското село Сопиште.
Како што информира МВР, случајот бил пријавен вчера во 12.30 часот во полициската станица Кисела Вода.
Телото било пронајдено при изведување градежни работи на локацијата „сончев град“ во село Сопиште.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
Се работи на идентификација на телото и целосно расчистување на случајот.