Дванаесет врати се украдени од трговскиот центар „Дујле“ во Штип, а добар дел од околината е демолирана во обид да се извлечат и каблите од инсталацијата покриена со гипс картони и поставена на таванот од објектот.
Кражбата, веројатно е направена во приодот јануари – март, но таа е пријавена денес зашто дуќаните се лоцирани на вториот кат од објектот кој не е во функција, поради што и толку време останала незабележана.
Полициската истрага како одговорен за кражбата го посочи лицето со иницијали Д.Ч. на возраст од 36 години. Тој, украдените врати ги носел дома, потоа ги расклопувал на делови и ги продавал како старо железо или стакло.
Дел од демолираните врати се пронајдени во неговиот дом и тие ќе бидат употребени во истражната постапка како доказен материјал.