Тримесечно бебе од Штип е заболено од болеста магарешка кашлица. Оваа ретка болест се појавува по десет години, а ја дијагностицитале лекарите од педијатрија во штипската Клиничка болница, по што е упатено на лекување во Скопје.
Велик Грков, директор на Центарот за јавно здравје – Штип информира дека вакцинацијата против оваа болест е задолжителна, но на оваа бебе болеста магарешка кашлица се појавијала пред терминот за имунизација.
– За оваа заболување има вакцинација, тоа е трипла вакцина, за дифетираја, тетанус и пертусис, заедно се убризгува. На возраст на детето кога ќе наполни три и пол месеци, се дава првата доза. Оваа дете и да е требало да се вакцинира немало возраст за да биде вакцинирано и затоа не е вакцинирано, вели Грков.
Тој појаснува дека болеста пертусис или народно кажана магарешка кашлица е бакатериско заболување, кое се пренесува преку воздухот, односно преку кашалање и кивање или пак во допир со предмет кој ја има бактеријата.
Според анкетата и истражувањата која ја имаат направено епидемиолозите од Центарот за јавно здравје-Штип во семејството на бебето ниту еден од членовите ги немал симптомите на оваа болест, а која започнува како настинка, со течење на носот, умор и покачена температура.
Задолжителните вакцини против магарешка болест во земјава се воведени по Втората светска војна. И покрај тоа што има полемики дали е потребна имузнизацијата, сепак епидемиолозите стојат цврсто на ставот дека имунизацијата е една од најголемите придобивки за луѓето, со кои бебињата се заштитуваат од фатални заболувања од најмала возраст.