По повод националниот празник Илинден, а во рамки на одржување на манифестацијата “Илинден 2014“, празничното одбележување традиционално ќе се одвива во Скопје, Крушево и Пелинце.
Со цел нормално и безбедно одвивање на сообраќајот, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на денот на празникот 02.08. ќе има посебен сообраќаен режим.
Така, на територија на СВР Скопје ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај, односно времено ќе бидат затворени за сообраќај улиците “Димитрие Чуповски“ и “11 Октомври“ во периодот од 09:30 часот до 10:30 часот, а пренасочувањето на сообраќајот ќе биде на следните крстосници: крстосницата на улиците “Филип Втори Македонски“ и “Кеј 13 Ноември“; крстосница булевар “Кочо Рацин“ со улица “11 Октомври“; крстосница улица “Васил Главинов“ со улица “Максим Горки“, и крстосница на улица “„Димитрија Чуповски“ со улица “Даме Груев“.
На територија на СВР Куманово, пак, ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај, односно после 10 часот ќе има целосна забрана за сообраќај на моторни возила на регионалниот пат Р-1202 од клучката на магистралниот пат А2 и регионалниот пат Р-1202 или поточно од Св.Петка до с.Пелинце, каде ќе се одвива централната манифестација по повод одбележување на празникот.
На територија на СВР Битола, за време на одржувањето на прославата по повод националниот празник Илинден на ден 01.08.2014 година во попладневните часови ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај по улиците во градот Крушево, а на 02.08. со посебен режим на сообраќај покрај улиците во градот Крушево ќе има и кон локалитетот Мечкин Камен.