Катастрофа е дефинитивно најчудното име во Македонија, девојката живее во Скопје. Но тоа не е се… во земјава живее и човек со име Господ, пишува Република.
Девојката со име Катастрофа живее на Скопска Црна Гора, а приказната е дека името и било дадено бидејќи е петто женско дете во семејството, поради што татко и решил да и стави име Катастрофа.
Планинка, Лимба, Крисула, Лустерко, Кајмачко, Развигорчо, Бранирод, Лакираде, Будимка, Лименка… ова се имиња кои навистина постојат во Македонија. Порано се ставале и имиња како Живоин, Војна, Правда…
Во земјава има и човек кој не е роден тука, но живее тука. Се вика Господ.
Извор: Република