Во скопски Бутел, куче влечело човечка нога – граѓаните згрозени од глетката


Хорор глетка за жителите на скопски Бутел, куче скитник влечело човечка нога. Според информациите на МВР, вчера околу 19,30 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека на улицата „Боца Иванова“, на втората капија за влез на гробиштата „Бутел“, од страна на граѓанин било забележно како куче скитник влечело дел од човечко тело (нога). Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид.

По наредба на Јавен обвинител пронајдениот дел од човечкото тело било предадено во Институтот за судска медицина за натамошно вештачење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1