Лоши временски услови ги погодија и соседните земји. Во Словенија падна снег, во Босна и Херцеговина град со големина на орев, пренесе „Дневник.хр“.
Студениот бран во Словенија донесе врнежи и ниски температури. На планинскиот врв Кредарица, висок 2.515 метри надморска височина, падна снег во август.
БиХ вчера попладне беше погодена од невреме проследено со град со големина на орев.
Настана голема материјална штета на автомобилите, куќите и полињата, а многу жители останаа и без струја. Во прекин се и мобилните и фиксните телефонски врски.