Во сообраќајка загина висок функционер на ДОМ


Со голема тага соопштуваме дека на 20 декември во сообраќајна несреќа животот го загуби Марија Михајловска, на возраст од 28 години, пишува ДОМ во соопштение до јавноста.

Марија е родена на 20.07.1988 година, а член е на ДОМ од 2008 година.fthy5j12guju4k

Во моментот кога згасна нејзиниот млад живот таа беше претседавач на Претседателството на МОДОМ, чиј член беше од 2014 година, и одговорна за меѓународната соработка на МОДОМ. Таа беше и претседател на комисијата за антидискриминација и родова еднаквост на МОДОМ. Во ДОМ таа беше и член на правната комисија на партијата.

Вработена беше во Агенцијата за млади и спорт, како контакт лице за комуникација со граѓани со некаков вид и степен на попреченост или, како што таа сметаше, за лица со посебни потреби, и беше горда на тоа.

Марија беше докажан борец за еднакви можности и против дискриминација. Ведар дух, комуникативна, таа соработуваше со сите, и со претставниците на невладините организации и со колегите од сите партии. Имаше пријатели во сите земји.

Комеморативната седница ќе се одржи во сабота, 24 декември, во 11 часот во салата на Стопанска Комора на Македонија, спроти седиштето на ДОМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1