Во Србија не престануваат дождовите – започнаа евакуации


Поради поплавите предизвикани од обилните дождови, кои во некои делови од Србија непрестајно врнат од средата наутро, до ноќта вонредна состојба е прогласена во најмалку 16 општини, многу локални правци се под вода и сообраќајот е во прекин, а многу училиште, вклучително и во Белград, до крајот на седмица се затворени, додека министерството за внатрешни работи предупреди дека најтешко е биде во текот на ноќта и во четврток и најави ангажирање на војската и жандармеријата.

poplave-u-naselju-medakovic-foto-facebook-1400077805-496309Водостојот на сите реки во Србија од час во час растат, па според медиумите не е возможно да се даде во моментов прецизни податоци. Силните врнежи почнале да биваат проследени со налети на силни ветришта кои метеоролозите ги најавуваат и за четвртокот.

Според извештаите на српските електронски медиуми најтешка е ситуацијата во централна и во западна Србија, каде што има и најмногу општини во кои е прогласена вонредна состојба.

Поплавени се стотици хектари ниви, а само во општините Косијерич и Пожега под вода се повеќе од 3.000 хектари обработлива површина, а на целиот слив на реката Колубара на сила е вонредната одбрана од поплави.

Под вода се и многу белградски градски и приградски општини, сообраќајот се одвива отежнато или е пренасочен бидејќи во поедини улици не може да се вози, а градските власти одлучија сите основни и средни училишта на подрачјето на градот да не работат следните два дена.

Во Гроцка се излила Беаљичка река и загрозила повее од 30 семејства, а започнала и евакуацијата на населението од две села меѓу Белград и Обреновац, на коишто во помош има е упатена единица на жандармеријата.

Дописниците на Радиотелевизија Србија (РТС) јавуваат дека се евакуирани дваесетина постари лица во селата кај Горњи Милановац, додека во Осечина кај Ваљево се поплавени околу 300 куќи, па сместувањето на тие семејства е принудно организирано во локалното основно училиште.

Началникот на одделот за вонредни состојби при српското министерство за внатрешни работи, Предраг Мариќ, предупреди дека најтешко е биде во текот на ноќта и во четврток, поради што се ангажирани дополнителни сили за евакуација на населението, за одбрана од поплавите, како и екипи за спасување на вода.

Временските прогнози се многу неповолни, бидејќи во следните два дена се очекува количество на дожд колку што изнесува месечниот просек па дури и над просекот во некои региони, особено во Војводина каде што се регистрираат и ветришта со големи брзини

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1