Во Србија поплавени 936 објекти и евакуирани 7.250 луѓе


Во поплавите во Србија, предизвикани од обилните дождови, до 14 часот под вода биле 936 објекти, а во опасност се уште 1.388 објекти, додека досега се евакуирани 7.250 луѓе, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

kuka-potop2-500На територијата на Општина Обреновац се евакуирани околу 2.510 луѓе, каде во спасувачката акција учествуваат 1.500 припадници на пожарникарско-спасувачката единица, на полицијата, на жандармеријата, на Противтерористичката единица и на Војската на Србија.

По излевањето на река Колубара 90 отсто од Општина Обреновац е под вода.

На територијата на Србија ангажирани се 1.785 припадници на пожарникарско-спасувачката единица со 397 возила, 91 пумпи и 566 чамци и 90 припадници на специјалната антитерористичка единица со 22 возила, четири чамци, четири камиони, еден автобус и две борбени оклопни возила.

Во спасувањето учествуваат и 390 припадници на Жандармеријата со 36 моторни возила и два чамци, 1.755 полицајци и 494 припадници на Војската на Србија со седум хеликоптери, 39 моторни возила, 21 чамец, пет пумпи и пет цистерни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1